И З В Е С Т И Ј А   

Web-мапа
Барај



 

2003

Ноември: На 8 ноември, во Охрид, на платото пред угостителскиот комплекс "Летница", од 11-14 часот се одржа презентација на некои традиционални сорти на овошје и нивни производи од село Завој, охридско. Презентацијата беше организирана во рамките на кампањата за промоција на старите овошни сорти во регионот и дел од пошироките активности на проектот Да ја накалемиме иднината врз старите сорти: In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заеднициПовеќе...

Ноември:
На 3-ти и 4-ти ноември, во Хотел "Гранит", во Охрид, беше одржана Меѓународна конференција за Охридско Езеро, во организација на Швајцарскиот државен секретаријат за економски односи во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Министерството за животна средина на Република Албанија и Министерството за животна средина, просторно планирање и јавни работи на Република Грција. На пленарната сесија на конференцијата г-дин  Аврамоски имаше излагање на тема: Соработка во прекуграничното управување со животната средина во Охридско - Преспанскиот регион. Излагањето содржи преглед на најважните настани, достигнувања и искуства во врска со прекуграничната соработка во регионот од 1995 наваму, со посебен нагласок на Проектот за заштита на Охридско Езеро. Повеќе ...

Октомври:
Во рамките на проектот Воспоставување на финансиски механизми за заштита на биодиверзитетот на Балканскиот регион: Одрлив развој низ еко-туризам и еколошка едукација во заштитени подрачја, АЛЛКООП во соработка со основното училиште "Ванчо Николески" од Лескоец, организира теренско тестирање на одбрани Производи за еколошка едукација развиени од страна на АЛЛКООП и другите невладини организаци од Албанија, Бугарија и Србија - партнери во проектот. Повеќе од 80 ученици од 3 и 4 одделение од ова училиште и 4 наставници/инструктори,  на терените на рекреативниот центар во Скребатно, тестираа 15 различни пакети за еколошка едукација. Пакетите содржат воглавно  забавни игри преку кои учениците учат повеќе за природата на планината Петрино како и Националниот парк Галичица со кој се граничи оваа планина.

Септември-октомври: Во рамките на проектот Да ја накалемиме иднината врз старите сорти: In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заедници, во текот на септември и октомври беа реализирани активности за возобновување на стари овоштарници од традиционални сорти на овошки (Лескоец, Преспа) односно за подигање на нови овоштарници од стари сорти на овошки идентификувани во регионот (Завој, Лескоец, Охрид) во предходната фаза  на имплементација на проектот.

Април: Во рамките на проектот Да ја заштите река Черава: Изготвување на менаџмент план за сливот на Река Черава, АЛЛКООП издаде извештај за состојбата на сливот на река Черава. Публикацијата е тројазична (Албански, Англиски и Македонски) и треба да служи како основен извор на информации за јазик  и  Еко-медиуми и прекуграничните проблеми од животната средина, на тринаесетти ноември во Тирана, Република Албанија беше основанa меѓународна мрежа на НВО-и, медиуми и експерти именувана како Прекугрничен форум за животна средина. Повеќе ...  

2002

Ноември:
Во рамките на проектот Да ја заштите река Черава: Изготвување на менаџмент план за сливот на Река Черава (Повеќе ...), на 24 ноември во Поградец, Албанија, беше одржан првиот состанок на иницијативниот одбор на Советот за сливот на Река Черава (ССРЧ). Состанокот беше организиран и модериран од работните тимови на АЛЛКООП и Туризам и животна средина. Главни прашања по кои се водеше расправа на состанокот беа составот и организационата структура на ССРЧ и можностите за релаизирање на неколку краткорочни проекти веднаш после неговото основање кое се очекува на почетокот на 2003 година. На состанокот членовите на иницијативниот одбор се договорија заедно да изготват предлог проекти за промоција на прекуграничната соработка на заедниците во сливот на река Черава. Покрај тоа, тие се договорија одделно да изготват предлог проект за краткорочни интервенции во полето на животната средина кои ќе бидат спроведени од локалните заедници во Албанија и Македонија. Првичните идеи и на албанската и на македонската страна се оденсуваа на чистење на коритото на река Черава од цвррст отпад и реставрација на крајбрежната вегетација. Предлог проектите ќе бидат доставени до АЛЛКООП и Туризам и животна средина чии експерти ќе помогнат во изготвувањето на финалните предлози и изнаоѓањето на донатори за нивно финансирање.  

Ноември
: Во рамките на проектот Да ја заштите река Черава: Изготвување на менаџмент план за сливот на Река Черава (Повеќе ...) на 1-ви и 2-ри ноември беше организирана дведневна студиска посета на сливот на река Черава  за дванаесет-члената работна група составена од експерти од Албанија, Естонија, Македонија и Централно Европскиот универзитет од Будимпешта, Унгарија, градоначлникот на Комуната Черава, претседателот на советот на село Стропцка и работни тимови од АЛЛКООП и Туризам и животна средина. Работната група посети повеќе локалитети во сливот на река Черава заради директно запознавање на некои од позначајните еколошки проблеми во сливот и разговараше со официјалните претставници и населението од повеќе населени места (Дардас, Стропцка, Черава, Љумас, Пешкопија, Љубаништа).

Октомври: Во рамките на проектот Да ја заштитиме река Черава: Изготвување на менаџмент план за сливот на Река Черава на 19 октомври, во Хотел Чинго во Охрид, се одржа првата работна средба на претставници од локалните заедници, локалните и регионални власти како и работните тимови на невладините организации АЛЛКООП и Туризам и животна средина како носители на проектот. На состанокот беше оформена инцијативна група за формирање на Совет за сливот на река Черава беа прецизирани и целите и задачите за првата фаза од проектот. (Повеќе ...)

Web master: Oliver Avramoski