ДА ЈА НАКАЛЕМИМЕ ИДНИНАТА НА СТАРИТЕ КОРЕНИ 


         

ДА ЈА НАКАЛЕМИМЕ ИДНИНАТА НА СТАРИТЕ КОРЕНИ 
In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заедници 
Опис
Активности
Известија
Изданија
Насловна


      АКТИВНОСТИ


kk

 


Ноември 2003: На 8 ноември, во Охрид, на платото пред угостителскиот комплекс "Летница", од 11-14 часот се одржа презентација на некои традиционални сорти на овошје и нивни производи од село Завој, охридско. Презентацијата беше организирана во рамките на кампањата за промоција на старите овошни сорти во регионот и дел од пошироките активности на проектот Да ја накалемиме иднината врз старите сорти: In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заедници.




Изложба на дел од традиционалните сорти на јаболка круши и нивни производи од регионот на село Завој (Охридско) на платото пред угостителскиот комплекс "Летница" во Охрид (Ноември, 2003)

Септември-октомври 2003:
Во рамките на проектот Да ја накалемиме иднината на старите корени: In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија), со учество на локалните заедници., во текот на септември и октомври беа реализирани активности за возобновување на стари овоштарници од традиционални сорти на овошки (Лескоец, Преспа) односно за подигање на нови овоштарници од стари сорти на овошки идентификувани во регионот (Завој, Лескоец, Охрид) во предходната фаза  на имплементација на проектот.



Искусни калемари од регионот ( г-дин Ризман Арифи, лево, и г-дин Кире Размоски, десно) демонстрираат "летно" калемење (калемење со папка) на  земјоделци од Завој. Калемени се локални вариетети на јаболка и круши на диви самоникли подлоги во напуштен овоштарник во Завој (Септември 2003 год.)
Web master: Oliver Avramoski