ЕКО-ТУРИЗАМ И ЕКОЛОШКА ЕДУКАЦИЈА ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА


         

Воспоставување на финансиски механизми за заштита на биодиверзитетот на Балканскиот регион:
Одржлив развој низ еко-туризам
и еколошка едукација во заштитени подрачја

Опис
Активности
Известија
Изданија
Насловна


      ОПИС НА ПРОЕКТОТ


kk

 
Цели и задачи:

Долгорочни цели на проектот се:
  • Да се придонесе за одржливиот развој на заедниците од и во близината на заштитените подрачја како и одржливоста на на националните паркови, како идни подрачја на "Натура 2000", на Балканскиот регион; 
  • Да се прдонесе за одржливоста на активностите за подигање на јавната свест за биолошката разновидност и заштитените подрачја преку вклучување на еколошката едукација во комерцијални екотуристички продукти и маркетинг на истите во заштитените подрачја.
Специфчните цели на проектот се:
  • Вклучување на локалните чинители од одбрани, пилот заедници во Бугарија, Македонија, Србија и Албанија кои живееат во близината на заштитените подрачја, преку градење на партнерство меѓу јавните и приватните чинители, а со цел унапредување на бизнисот поврзан со заштита на биолошката разновидност, имено, преку екотуризам со елементи на еколошка едукација;
  • Да се развијат показни доходовни механизми на управување со заштитените подрачја;
  • Да се постават основи на Балканса мрежа на невладини организации кои се работат развивање на Балканскиот регион како межународна дестинација за екотуризам во заштитените подрачја и за маркетинг на производи кои вклучуваат елементи на еколошка едукација. 
Очекувани резултати:
  • Најмалку 5 комерцијални производи кои вклучуваат елементи на еколошка едукација за областа на Самоков, Националниот парк "Рила", Бугарија;
  • Економска исплатливост на најмалку 4 производи за еколошка едукација кои ќе бидат тестирани во пилотните области од Националниот парк "Галичица", Македонија, Националниот парк "Преспа", Албанија,  и "Паркот на природата Стара Планина", Србија;
  • Локалните заедници кои се сметаат во општината Пирот, во близина на"Паркот на природата Стара Планина", Србија, селата во Охридскиот регион, Македонија и селото Мала Горица, Албанија, воспоставуваат партнерства со цел развивање на екотуризмот и еколошка едукација во врска со соодветните заштитени подрачја;   
  • Изготвување на нацрт договор меѓу Националниот парк "Рила" и помлади НВО-и од Самоков со цел на заедничка понуда на производи што содржат елементи на еколошка едукација во врска со паркот; 
  • Подигнување на капацитетот на 4 помлади НВО-и (2 во Бугарија, 1 фор Србија и 1 во Албаниај) за активно учество во Балканската мрежа за екотуризам и еколошка едукација во заштитени подрачја; 
  • Функционална мрежа межу организациите партнери во проектот и развој на еколошката едукација во заштитените подрачја како и бизнис соработка меѓу односните држави.
Проектни региони 

Најголем дел од активностите ќе бидат реализирани во четирите партнерски држави. Дел од активностите ќе се спроведат само во Албанија, Србија и Македонија одделно од причини што во Бугарија одредени чекори во таа насока се превземени од порано. Бугарското искуство ќе биде појдовна точка за другите парнери во проектот. Во секоја држава активностите ќе бидат спроведени во одбрани пилотни региони во близина на заштитените подрачја. Сите активности врзани со еколошката едукација и екотуризмот ќе бидат насочени кон заштитените подрачја. 

Web master: Oliver Avramoski