kk
|
Охридско-преспанскиот регион на Албанија, Грција и Македонија е место
со исклучителни природни убавини, но исто така и етнички, културно и
религиски разнолик регион. И покрај ваквиот исклучител потенцијал, овој
регион се соочува со политички, социјални и економски потешкотии. Група
на лидери од невладиниот сектор во регионот веќе подолго време се
согласни за потребата од постоење на посигурни и постабилни институции
на граѓанското општество во овие области на периферијата на Албанија и
Македонија. Исто така, тие се согласни дека постои итна потреба од
подигнување на капацитетот на овие институции како би можеле да
спроведат активности со кои би се постигнале видливи и брзи резултати
во поглед на подобрување на квалитетот на живеење на луѓето во
регионот. И покрај напорите на неколку граѓански здруженија од Албанија
и Македонија да ја подобрат меѓусебната соработка за постигнување на
овие цели, за што во 2001 беше потпишан Договор за соработка и
постигната согласност за формирање на мрежа, од низа причини во
изминатиот период не беаше постигнато видливо подобрување, пред се
поради недостатокот на соодветна организациона структура и оперативни
правила, немање на искуство и познавање за работата на мрежните
организации, но и поради отсуството на визија и стратегија како основи
за изградба на препознатлив идентитет и мисија на мрежата, односно
неможноста да го стекне потребниот легитимитет. Оваа иницијатива, иако
веќе згасната во еден подолг временски период, повторно беше
заживеана во Август 2004 година кога шест организации од Албанија и
Македонија, со посредништво на организација од Унгарија, се состанаа да
го формираат т.н. Иницијативен одбор чија задача беше да ја
создаде Мрежата за одржлив развој во Охридско-преспанскиот регион. Овие
организации работаат во повеќе области релевантни за одржливиот развој
во регионот, како што се животната средина, но вклучуваат и младински
групи, и здруженија за промоција и заштита на правата на жените.
На средбата, Иницијативниот одбор донесе одлука со која се потврди
неговата намера да се изгради капацитет преку надминување на
националните, етничките и религиозните разлики, а со цел да се поддржи
и подобри прекуграничната соработка меѓу граѓанските здруженија и
етничките заедници во регионоти, и со крајна цел да се промовира
демократијата, различноста и одржливиот развој. Според наодите на
Иницијативниот одбор, за постигнување на овие цели, мрежата ќе треба да
се посвети на:
- воспоставување на мрежата како
формална, граѓанска и
професионална организација која својот легитимитет го црпи од базатата
во пограничниот Охридско-преспански регион на Албанија и Македонија;
- да се изготви соодветна
рамка за спроведување на
одржливиот развој преку консолидација иподигнување на капацитетот на
организацијата како мрежа на граѓански здруженија;
- да се спроведат координирани и
заеднички активности за
спроведување на одржливиот развој:
- да се подигне транспарентноста
и подобри значењето на
консолидираното граѓанско општество во унапредување на квалитетот на
животот преку спроведување на одржлив развој.
Проектот
насловен како „Мрежа за одржлив развој во Охридско-преспанскиот регион:
периферна
мрежа на граѓански здруженија за спроведување на одржлив развој во
Охридско-преспанскиот регион на Албанија и Македонија“ има за цел да ја
помогне мрежата во нејзините првични и клучни активности за нејзино
основање како формална мрежна организација низ еден процес на постепена
институционализација и изградба на меѓусебна доверба и стекнување
легитимитет. Овој проект е финансиран од фондот за „Микро-проекти
за стартување“ од „Проектот за изградба на институции за прекугранична
соработка во Преспа/Охрид: кон воспоставување на Еврорегион“,
спроведуван од Ист-Вест Институтот (EastWest
Institute), со поддршка од Советот на Европа и вор рамките на
Пактот за стабилност во Југо-источна Европа. Проектот се спроведува
преку Алијансата за соработка за езрата во Охрид и Преспа (Охрид,
Македонија и Мала Горица, Албанија) и Еколошкото здружение „Ареал“ од
Струга, Македонија, и тоа во три фази:
Фаза I: Во текот
на оваа фаза Иницијативниот одбор се состана на 6-ти март во Охрид,
Македонија, со цел да усвои критериуми и процедура за избирање на нови
организации членки на мрежата кои потоа заедно би го сочинувале т.н.
„јадро на мрежата“ ПОСНет (Мрежа за одржлив развој во
Охридско-преспанскиот регион). Согласно одлуките на овој состанок,
следните организации го сочинуваат „јадрото“ на ПОСНет:
- Алијанса за соработка за езерата во Охрид и Преспа
(Охрид, Македонија, и Мала Горица, Албанија);
- Здружение на жени турчинки „Хајат“, Струга, Македонија;
- Здружение „Туризам и животна средина“, Поградец, Албанија;
- Еколошко здружение „Јагода“, Лескоец, Охрид;
- Еколошко здружение „Ареал“, Струга, Македонија;
- Еколошко здружение „Зелена шума“, Поградец, Албанија;
- Организација за интеграција на жените и децата, Мала
Горица, Албанија;
- Културно друштво „Наша Струга“, Струга, Македонија;
- Културно друштво „Мбела“, Струга, Македонија;
- Здружение на граѓани „Лихнидос“, Охрид, Македонија: и
- Центар за политика и право за животната средина (ЦЕПЛ),
Будимпешта, Унгарија.
Фаза
II: Во текот на оваа фаза, претставниците од организациите што
го сочинуваат „јадрото“ на ПОСНет, се состана во Охрид, на трети април
2005 год., за да ги дискутираат и усогласат основните елементи кои
треба да се содржат во Статутот на ПОСНет, а пред се изјавите за
визијата и мисијата на мрежата, потоа организационата структура и
оперативните правила и норми, како и за да ги договорат основите на
првиот нацрт „План за граѓанска акција“ за спроведување на одржливиот
развој во регионот.
Фаза
III
(во тек): Во текот на оваа фаза, координаторот на проектот и
неговите асистентит, заедно со експертите од АЛЛКООП и ЦЕПЛ ќе одржат
серија на консултативни состаноци со секоја од организациите посебно, а
со цел да се дискутира по нацрт Статутот и да се усогласат ставовите по
пред-финалната верзија на овој декумент, пред да тој биде разгледан и
официјално одобрен од организациите на третиот состанок, закажан за
8-ми мај 2005 год., во Струга, Македонија. Со прифаќањето на Статутот
на ПОСНет, организациите членки на „јадрото“ ќе прераснат во
членки на Управниот одбор на мрежата.
|