|
ПОВАЖНИ
АСПЕКТИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА: АНАЛИЗА
|
|
Управување со шумите и биодиверзитетот
Шумите се клучот за здравјето и правилната функција на сливните
подрачја. Шумите ги заштитуваат изворите на вода, ги намалуваат
можностите за поплави, ги прихрануваат подземните води, обезбедуваат
живеалишта за рибите и дивите животни и обезбедуваат бројни дрвни
продукти. Со филтрирање на загадувачите во воздухот и водата,
складирањето на вода и нутритиенти, заштитата на
земјиштето, спречување на поплавите, како и поради изворите и
обезбедувањето
на естетските и други човечки потреби, шумите носат значајни придобивки
за земјата, водата и човекот. Оттука, деградацијата на шумите или
голосекот,
посебно на стрмните, нестабилни косини, предизвикуваат бројни сериозни
последици. Како директни последици на голосекот се порастот на
ерозијата
на земјиштето, губењето на хранливите состојки и намалениот капацитет
на
задржување на водата во сливот. Брзото протекување на водите и порастот
на нивото на водотеците после обилни дождови можат да предизвикаат
поплави.
Покрај тоа, доаѓа до полнење на акумулациите со талог, намалување на
нивниот
капацитет за задржување и регулирање на водата, како и оштетување на
каналите
за наводнување и нивното функционирање.
|
|
Нелегалната сеча на огревно дрво е најсериозен
проблем
во шумарството во албанскиот дел на сливот на Черава
|
|
Шумарството во албанскиот дел на сливот се
соочува со уништување на шумите и несоодветно управување. Повоената
власт во Албанија вложи многу во пошумувањето, но, многу од овие напори
имаа контратежа
во расчистувањето на шумите и пасиштата за постигнување на целта –
државата сама да ги задоволува сите свои потреби во производството на
храна. Високата зависност од дрва за огрев најмногу придонесува за
претераната експлоатација на шумите. Прекините во снабдувањето со
електрична енергија во текот на
зимата, заради сериозната енергетска криза во Албанија, и недостигот од
алтернативни извори на енергија, ја прават ситуацијата уште полоша.
Сиромаштијата
на селското население уште повеќе ја зголемува неконтролираната сеча
затоа
што дрвото за огрев не се користи само за лична потреба туку се нуди и
за продажба.
Во 1997 албанската влада формулираше „Стратегија за развој на
земјоделството“, попозната како „Зелена стратегија“ каде што „преминот
во пазарно стопанисување во шумарството“ е една од 6-те посебни
стратешки определби. Таа се води од претпоставката дека слабите
сопственички права се причина за голосекот во многу региони, и тие,
исто така, ги поттикнуваат активностите кои доведуваат до исцрпување на
ресурсите. Како поддршка на оваа стратегија, во тек е проектот –
„Програма за развој на приватното шумарство во Албанија“ – поддржан од
USAID. Во рамките на проектот, во соработка со Окружната управа за
шумарство во Поградец, костеновите насади (кои се сметаат за
овоштарници) околу селата во Стропска се вратени на старите
сопственици. Почетните резултати покажуваат дека ваков вид на мерки
можат да придонесат за обнова на шумите (од костен). Освен тоа, со цел
да се сочува богатата биолошка разновидност, албанскиот дел од сливот
на река Черава беше вклучен во „Регионот на заштитен пејсаж на Поградец
“ (40О47’33’’ – 41О5’33’’N и 20О35’ – 20О50’Е; 273.23 km2), прогласен
во 1999 г. со решение на владата на Република Албанија. Тој го покрива
албанскиот дел од подрачјето на пот-сливот на Охридско Езеро, кое
вклучува 102.48 km2 шуми и 111.4 km2 површина под вода. И покрај
скорешниот напредок, претераното испасување продолжува да биде главна
закана за еко-системите во сливното подрачје, посебно за шумите.
Неконтролираното собирање на лековити билки за фармацевската индустрија
исто така, го загрозува биодиверзитетот во сливот.
|
|
Шематски риказ на меѓусебната поврзаност на почвата и водата
во еден слив
|
|
Во македонскиот дел на сливното подрачје
со шумите управува Националниот парк „Галичица“. Македонскиот дел од
планината Галичица (227 km2) беше прогласен за национален парк во 1958,
заради неговите посебни природни убавини, пејсажни и естетски
вредности, како и заради
невообичаено богатата ендемска флора и фауна. Главна пречка за
одржливото
користење на шумите во постоечката финансиска шема е тоа што
санитарната
сеча е единствен извор на приходи за националниот парк. Паркот итно
треба
да развие план за интегриран менаџмент во соработка со надлежните
министерства
и со широко учество на еколошките невладини организации и локалните
самоуправи.
Понатаму, македонскиот дел од Охридско Езеро е, исто така, прогласен за
заштитено подрачје според „Конвенцијата за светско наследство“ на
Обединетите нации. Но, статусот на заштитено подрачје на Охридско Езеро
и македонскиот дел од сливот на река Черава се покажа како недоволни
мерки за зачувување и заштита на биодиверзитетот во областа. На пример,
заради снижувањето на квалитетот на водата, разноврсноста на
ципринидните риби во крајбрежните води кај устието на река Черава е
помало во однос на почистите делови на крајбрежието во Охридско Езеро.
|
|
|
|
|
Предходна
Содржина
Следна
|
|
|
|
|