|
|
|
|
РЕКА
ЧЕРАВА
|
|
|
|
|
|
|
Web-мапа
|
|
|
Барај
|
|
|
|
|
| |
ПРЕДГОВОР |
|
|
|
|
Во рамките на проектот, ќе биде воспоставена заедничка албанско/македонска локална група за планирање за сливот – „Совет за сливот на река Черава“ (ССРЧ) – за да служи како рамка за организирање на процесот на планирање во сливот со широко учество на локалното население. За да се поттикне и олесни учеството на локалните и регионалните управи и јавноста во воспоставување на ССРЧ, во почетокот на октомври 2002, во рамките на воведната работилница на проектот, се формира „Иницијативен одбор за формирање на совет за сливот на река Черава“. Додека процесот за воспоставување на ССРЧ е во тек, го подготвивме овој извештај за да служи како основа за изработка на „План за управување со сливот на Река Черава“, откако ќе бидат избрани членовите на Советот. Овој извештај дава првичен преглед на состојбата на животната средина во сливот на река Черава и содржи информации кои ќе му послужат на ССРЧ во изборот и разбирањето на приоритетните прашања/проблеми како и за тоа што може да се направи во врска со нив. Информациите во овој извештај се собрани од различни извори. Извештајот е создаден во консултација со луѓе од органите на управата (државни, регионални и локални), невладините организации и локалните заедници. За членовите на „Тимот за проценка“, во октомври 2002, беше организирана дводневна екскурзија во сливот на река Черава со цел да се соберат повеќе податоци низ директно набљудување и разговори со граѓаните од сливот. Информациите кои можеме да ги користиме во планирањето за сливот доаѓаат од најразлични извори – лични согледувања, пријатели, технички персонал, книги и извештаи, државни извештаи, медиуми, научни студии и т.н. Заедно, сите овие извори на информации ни помагаат да го надградиме нашето знаење и да донесеме решенија за иднината. „Формалните“ информации се важни затоа што ни овозможуваат објективен поглед на тоа што се случува и зошто се случува. Сепак, особено за албанскиот дел од сливот, има недостаток од „формални“ информации – информации собрани по формален пат, со точност што може да се провери, како што се пописи, формални прегледи, проби и т.н. Од друга страна, „неформалните“ информации – локалните погледи и опсервации, личните забелешки и верувања – се полесно достапни. И едните и другите информации се важни за планирањето. Важно е да се има во предвид дека овој извештај и информациите кои ги содржи се добиени од сознанија кои беа достапни со ресурсите и времето расположиви на проектниот тим. На сите пропусти во податоците и информациите ќе се посвети внимание во следните чекори од процесот на планирање. Финалниот продукт е професионална проценка на авторот и не мора обврзно да ги одразува погледите на сите членови на „Тимот за проценка“. |
|
|
Web master:
Oliver Avramoski
|
|
| Содржина
Следна |
|
| |