Охридско-Преспанскиот регион е
сместен
во Југоисточна Европа, на тромеѓето меѓу Албанија, Грција и Македонија (40o43’
– 41o2’N географска широчина; 20o23’ – 21o10’E
географска должина). Регионот ги опфаѓа двете најстари езера во Европа,
настанати
пред 2-3 милиони години по тектонски пат на западните Динарски планини.
Поради
карстниот карактер на планината Галичица која ги раздвојува двете
езера,
големи количини вода од Преспанските Езера, преку подземни текови, се
прелева
во Охридско Езеро, преку бројните извори долж неговиот источен брег.
Поради
тоа, овие езера сочинуваат единствена хидролошка целина. Во текот на
шеесеттите
години од минатиот век, изграден е канал кој ги поврзува реката Девол и
Малото
Преспанско Езеро со што значително зе зголеми сливот на ова езеро, а со
тоа
и на Охридско Езеро (види ја сликата подолу).