ИСТРАЖУВАЊЕ   

Анализа на практиката во вклучување на јавноста во екосистемскиот приод кон еколошки менаџмент
на Охридско-Преспанскиот регион
(Албанија, Грција и Македонија)

Оливер Аврамоски
- магистерски труд -
     
интегралниот текст на англиски е достапен во pdf формат 

Web -мапа
Барај


 АПСТРАКТ


Охридско-Преспанскиот регион, сместен на тромеѓето помеѓу Албанија, Грција и Македонија, го сочинува еден од најголемите биолошки резервати во Европа. Разбирајќи ја потребата од подобар одржлив и ефикасен еколошки менаџмент, од неодамна владите на Албанија, Грција и Македонија ентузијастички и итно ги прифатија концептите за интергиран еколошошки менаџмент, екосистемски менаџмент и менаџмент на ниво на слив. Ова истражување ја документира и критички анализира праксата во вклучување на јавноста во екосистемските приоди кон еколошки менаџмент во регионот согледувајќи ја низ локалниот контекст. Анализата се потпира на концептот на екосистемски приод во еколошкиот менаџмент, генерално, а посебно на концептот за менаџмент на ниво на слив. Истражувачката стратегија се потпира на студија (single case study) за сливот на Охридско Езеро, сочинета од два посебни случаи: Проект за заштита на Охридско Езеро и прекуграничниот Преспа Парк.

Четири главни атрибути на студијата, идентификувани низ нејзиниот опис и анализата, се дискутирани. Нејасно дефинираните граници на системот и непостоењето на соодветен опис на неговиот контекст (вклучувајќи ја и неговата хиерархиска организација) се сметаат за главна пречка за примена на екосистемскиот менаџмент во сливот на Охридско Езеро. Во моментот, еколошките режими може да се именуваат како полицентричен менаџмент на ниво на слив со постоење на слаба интерорганизациска координација и соработка и тоа на национално, но и меѓународно ниво.  И покрај изнвесните недостатоци на партиципацискиот процес, во регионот постои капацитет за ефективно учество на јавноста во екосистемскиот менаџмент. Сепак, слабата прекугранична комуникација и соработка во моментот се главната пречка за проширување и поголемо вклучување на јавноста. Овие атрибути послужија како основа за формулирање на низа од препораки за подобрување на политиката во врска со вклучување на јавноста во ексосистемскиот менаџмент во Охридско-Преспанскиот регион.

Клучни зборови: учество на јавноста, менаџмент на ниво на слив, екосистмски приод, екосистемски менаџмент, Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Проект за заштита на Охридско Езеро, Преспа Парк.  
Web master: Oliver Avramoski