Н О В О С Т И

НАСТАНИ
 
ВТОРА СРЕДБА НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР НА ПОСНет

Претставниците од организациите што го сочинуваат „јадрото“ на ПОСНет, се состана во Охрид, на 3-ти април 2005 год., за да ги дискутираат и усогласат основните елементи кои треба да се содржат во Статутот на ПОСНетПовеќе...
 
Web -мапа
Барај

Copyright: EURONATUR


          ИЗДАНИЈА




Во рамките на проектот Да ја накалемиме иднината врз старите корени: in-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заедници, на 8 февруари во Охрид, хотел „Вила Света Софија“, беше промовирана брошурата „Да ја накалемиме иднина врз старите корени.“ Брошурата е издадена на македонски јазик, со  резиме на англиски и албански јазик, во 600 копии. 



Во рамките на проектот Воспоставување на финансиски механизми за заштита на биодиверзитетот на Балканскиот регион: Одрлив развој низ еко-туризам и еколошка едукација во заштитени подрачја, АЛЛКООП во соработка со партнерските организации во проектот од Албанија, Бугарија и Србија, издаде прирачник за наставници и каталог на „игри за еколошка едукација“ на ученици од основните училишта: Да играме и да учиме од природата





Брошурата Извештај за состојбата на животната средина во сливот на река Черава сега е достапна on-line.
Овој извештај дава преглед на состојбата на животната средина во сливот на река Черава, единствената прекугранична река во басенот на Охридско Езеро. Извештајот е создаден во консултација со луѓе од органите на управата (државни, регионални и локални), невладините организации и локалните заедници.



          КРАТКИ ВЕСТИ

 

6-ти март, 2005 год. Иницијативниот одбор на ПОСНет (Мрежа за одржлив развој во Охридско-преспанскиот регион) се состана во Охрид, Македонија да критериуми и процедура за избирање на нови организации членки на мрежата кои потоа заедно би го сочинувале т.н. „јадро“ на мрежата. Повеќе...

8-ми февруари, 2005 год. Во рамките на проектот Да ја накалемиме иднината врз старите корени: in-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заедници, на 8 февруари во Охрид, хотел „Вила Света Софија“, беше промовирана брошурата „Да ја накалемиме иднина врз старите корени“. Брошурата е издадена на македонски јазик, со  резиме на англиски и албански јазик. Брошурата е издадена во 600 копии, има 24-ри страни во полн колор, 18 слики, една табела, и една мапа. Повеќе...  

20-22-ри ноември, 20003: Во Софија, Република Бугарија, во организација на Регионалниот центар за Централна и Источна Европа се одржа регионална конференција „Форум за биодиверзитет и туризам во Југоисточна Европа“ на која Оливер Аврамоски и Јованчо Секулоски одржаја презентација на тема искуството во развојот на екотуризмот во Националниот парк "Галичица". Повеќе...

18-ти ноември, 20003:
Во рамките на проектот Да ја накалемиме иднината врз старите корени: In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заедници, на 18-ти ноември, во Ресен (Преспа), АЛЛКООП ја организира втората пресентација на некои традиционални сорти на јаболка и круши како и нивни производи од село Завој, охридско. Презентацијата се организира на градскиот плоштад во Ресен, пред зградата на Локалната самоуправа. Повеќе...

15-16 ноември, 2003.
Во Охрид се одржа средба на невладините организации партнери во проектот Воспоставување на финансиски механизми за заштита на биодиверзитетот на Балканскиот регион: Одрлив развој низ еко-туризам и еколошка едукација во заштитени подрачја. На средбата, претставници од невладините организации "Деца на Земјата" од Благоевград, Бугарија, "Ассоцијација за унапредување на школството" од Белград, Србија и Црна Гора, асоцијацијата "Туризам и животна средина" од Поградец, Албанија, и АЛЛКООП, дискутираа по предлозите за конечен дизајн на комерцијалните продукти за еколошка едукација кои беа заеднички развиени и тестирани во рамките на овој проект. Покрај тоа, партнерите дискусираа и за идните заеднички активности во полето на екотуризмот во заштитените подрачја во нивните региони. Повеќе...

Ноември:
На 8 ноември, во Охрид, на платото пред угостителскиот комплекс "Летница", од 11-14 часот се одржа презентација на некои традиционални сорти на овошје и нивни производи од село Завој, охридско. Презентацијата беше организирана во рамките на кампањата за промоција на старите овошни сорти во регионот и дел од пошироките активности на проектот Да ја накалемиме иднината врз старите корени: In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија) со учество на локалните заеднициПовеќе...

Ноември 2003:
На 3-ти и 4-ти ноември, во Хотел "Гранит", во Охрид, беше одржана Меѓународна конференција за Охридско Езеро, во организација на Швајцарскиот државен секретаријат за економски односи во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Министерството за животна средина на Република Албанија и Министерството за животна средина, просторно планирање и јавни работи на Република Грција. На пленарната сесија на конференцијата г-дин  Аврамоски имаше излагање на тема: Соработка во прекуграничното управување со животната средина во Охридско - Преспанскиот регион. Излагањето содржи преглед на најважните настани, достигнувања и искуства во врска со прекуграничната соработка во регионот од 1995 наваму, со посебен нагласок на Проектот за заштита на Охридско Езеро. Повеќе ...

Октомври 2003:
Во рамките на проектот Воспоставување на финансиски механизми за заштита на биодиверзитетот на Балканскиот регион: Одрлив развој низ еко-туризам и еколошка едукација во заштитени подрачја, АЛЛКООП во соработка со основното училиште "Ванчо Николески" од Лескоец, организира теренско тестирање на одбрани Производи за еколошка едукација развиени од страна на АЛЛКООП и другите невладини организаци од Албанија, Бугарија и Србија - партнери во проектот. Повеќе од 80 ученици од 3 и 4 одделение од ова училиште и 4 наставници/инструктори,  на терените на рекреативниот центар во Скребатно, тестираа 15 различни пакети за еколошка едукација. Пакетите содржат воглавно  забавни игри преку кои учениците учат повеќе за природата на планината Петрино како и Националниот парк Галичица со кој се граничи оваа планина.

Септември-октомври 2003:
Во рамките на проектот Да ја накалемиме иднината на старите корени: In-situ заштита на традиционалните сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија), со учество на локалните заедници., во текот на септември и октомври беа реализирани активности за возобновување на стари овоштарници од традиционални сорти на овошки (Лескоец, Преспа) односно за подигање на нови овоштарници од стари сорти на овошки идентификувани во регионот (Завој, Лескоец, Охрид) во предходната фаза  на имплементација на проектот. Повеќе...


       ИСТРАЖУВАЊЕ


Апстрактот од магистерскиот труд на Оливер Аврамоски, насловен Анализа на практиката во вклучување на јавноста во екосистемскиот приод кон еколошкиот менаџмент на Охридско- Преспанскиот регион (Албанија, Грција и Македонија), е достапен на македонски. Целосниот текст на магистерскиот труд е достапен на англиски во pdf формат.
Web master: Oliver Avramoski