|
Наслов: СТАРИ
ЖИВОТНИ СТИЛОВИ – НОВИ МОЖНОСТИ – пилот проект за зачувување и
промоција на
традиционални одржливи облици на производство и потрошувачка во рурални
заедници во ридско-планинските области. Проектот е финансиран од
канцеларијата во Скопје на Регионалниот центар за заштита на животната
средина во Централна и Источна Европа (РЕЦ). Во реализација на проектот
се вклучени АЛЛКООП, Еколошкото друштво „Јагода“ од Лескоец и
Здружението на граѓани „Фрут-Нет“ од Завој. Вкупното чинење на проектот
е околу 7.000 евра.
Наслов: Да
ја накалемиме иднината на старите корени: In-situ заштита на
традиционалните
сорти на овошки и со нив поврзаниот земјоделски пејсаж во Охридско-
Преспанскиот
регион (Албанија, Грција и Македонија). Проектот е финансиран
од GTZ преку Координативниот Комитет на Преспа Парк. Во реализацијата
на
проектот учествуваат АЛЛКООП-Македонија, АЛЛКООП-Албанија и СПП
(Грција). Вкупниот буџет на проектот е 25.5000 ЕУР, а се
реализира во периодот април 2003 - мај 2004 година.
Наслов: Воспоставување
на финансиски механизми за конзервација на биодиверзитетот во
балканскиот регион: Одржив развој преку екотуризам и еколошка едукација
во заштитените подрачја. Регионалниот
еколошки центар за Централна и Источна Европа (РЕЦ) финансира проект
за промоција на екотуризмот во заштитени подрачја во Албанија,
Бугарија, Македонија и Србија (СР Југославија). Проектните активности
ќе ги опфатат Национален парк Галичица, Македонија, Национален
парк Преспа, Албанија, Национален парк Рила, Бугарија и Природен
резерват Стара Планина , Србија. Носител на проектот е невладината
организација Деца на земјата од Благоевград, Бугарија, а
партнери на проектот, покрај АЛЛКООП се уште 5 невладини
организации од Албанија, Бугарија и Србија. Вкупниот буџет на проектот
изнесува 38,388 УСД од кои РЕЦ покрива 34,854 УСД. Проектот стартува во
септември 2002 и ќе трае до септември 2003.
Наслов: Да ја заштите река Черава : Изготвување на
менаџмент план за сливот на Река Черава. Проектот беше раководен од
проектен тим на АЛЛКООП и реализиран во соработка
со 4 невладини организации од Албанија, Естонија и Македонија.
Проектот
се реализира во две фази во тек на 12 месеци и буџет од приближно
14,000
УСД. Проектот беше финансиран од Институтот отворено општество.
|